Анте Ребиќ по Мундијалот го прави трансферот на кариерата

Фудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт, Анте Ребиќ блеска во дресот на хрватската репрезентација на Мундијалот во Русија.

Одличните игри на Светското првенство со сигурност ќе го препорачаат на неколку европски гиганти, а меѓу тимовите кои го посакуваат неговиот потпис е и Баерн Минхен.

„Многу сум среќен поради победата, ова се работи кои хрватскиот народ ги бара веќе 20 години. Конечно се појави генерација која би можела да стигне далеку. Анте Ребиќ е одличен играч, добро би ни дошол во Баерн. Мило ми е што игра прекрасно на Мундијалот и мислам дека би бил од голема корист на нашиот тим“ –коментираше новиот тренер на Баерн Минхен, Нико Ковач.