Бомба од Шпанија: Реал пред договор со ѕвездата на Баерн Минхен


Од втора лига, до спасител на Германија - 12 ден ↓↓↓



По крајот на возбудувањата во трансфер периодот во Англија, ни претстојат бројни возбудувања кога во прашање се трансферите во Италија, Шпанија, Германија..

Една бомбастична вест која стигнува од Шпанија говори дека Реал Мадрид прави интензивни напори во своите редови да го донесе Тиаго Алкантара од Баерн Минхен.

Радио станицата „Онда Серо“ објави дека Жулен Лопетеги го посакувал Тиаго како замена за Ковачиќ кој замина во Челси и по се поизвесното заминување на Модриќ во Интер.

Тиаго би ги чинел „Кралевите“ околу 50 милиони евра, сума која не би требало да претставува никаков проблем за гигантот од Шпанија.