Влезниците за последниот меч во сезоната на Ливерпул се – изгор!


Финале: Кој до титула? Шпанија по четврти или Англија по прв пат!? ↓↓↓


Навивачите на Ливерпул се надеваат дека тимот по речиси 30 години ќе ја освои титулата во Англија и во моментов се на добар пат да го остварат тоа.

„Црвените“ минатата сеззона играа фантастично и стигнаа до финалето во Лигата на шампиони, но повторно не успеаа во Англија да направат ништо.

Фановите на Ливерпул со нетрпение го очекуваат финишот на сезоната, а тоа го докажува и фактот дека се бараат многу влезници за последното коло во Премиерлигата.

Ливерпул пред својата публика ќе го пречека Вулверхемптон и многумина се надеваат дека тогаш ќе ја прослават титулата.

Интересот е огромен, иако има уште повеќе од три месеци, а цените на влезниците може да се најдат и на „црниот пазар“, кои изнесуваат и до 6.000 фунти.

На една страница има дури 212 влезници, а најефтината изнесува 1.100 фунти додека најскапата е неверојатни 5.950 фунти.