Голема помош за Барселона – Совет кој може да го исфрли ПСЖ!

Поранешниот играч на Франција, Лудовиќ Жили даде коментар пред натпреварот на Барселона со ПСЖ.

Жили во својата кариера имаше шанса да го носи дресот на двата тимови и многу добро ги познава, а пред натпреварот му даде совет на Меси и неговите колеги како да стигнат до победа.

„Без Меси, Барселона не е тој тим, но со него можат се. Ако сака вистински да се врати во игра, Барселона треба да ги згази од првата минута, да нападне како што знае и да им внесе страв во редовите на ПСЖ.“

„Сепак, од друга страна ПСЖ е добар тим. Емери добро ја познава Барселона и знае како да ги загрози. Очекувам многу голови, но повеќе од страна на Барселона. Би било неверојатно кога би успеале да се врата во овој натпревар по 0:4.“

Најголем број трофеи во кариерата, Жили освои со Барселона. Тој го напушти тимот во 2007 година кога неговото место му го остави на Меси.