„Гори“ тениската јавност: Карикатура на Вилијамс предизвика хаос по Ју-Ес опен (ФОТО)

Австралискиот карикатурист Марк Најт се најде на удар на јавноста поради карикатура од американската тенисерка Серена Вилијамс.

Тој објави карикатура во која го претстави своето мислење за финалето на Ју-Ес опен во кое Серена направи скандал со судијата Карлос Рамос.

Неговата карикатура беше обвинета за сексизам и расизам кон Вилијамс, но и кон Осака, која Најт ја претстави како мала и слаба жена со светла коса, иако таа изгледа поинаку.

„Само го прикажав нејзиното однесување на теренот. Немам ништо против неа, таа е шампионка и ја нацртав таква каква што е“, кажа Најт во своја одбрана.