Грабул, Јотовски и Србљак се тројцата кои ќе играт во Дејвис купот за Македонија

Селекторот Дејан Маринковиќ го објави списокот на тенисери за претстојниот Дејвис куп против Бугарија.

За Македонија ќе играат Димитар Грабул, Томислав Јотовски и Горазд Србљак, а овие тројца беа дел од репрезентацијата на последниот Дејвис натпревар против Естонија.

Натпреварите помеѓу Македонија и Бугарија ќе се одиграат во Созопол на тврда подлога од 5-ти од 8-ми април.