Дали Арсенал ќе се покае за оваа одлука: Најголемата грешка на Венгер се сели во Баерн

Не доби вистинска шанса да се докаже во Арсенал, а сега би можел да стане најголема грешка на Венгер.

Беше ѕвезда на ОИ и најдобар стрелец, а се очекуваше враќање во Лондон, сепак Венгер реши да го пушти да замине.

Гнабри од ова лето е член на Вердер Бремен, во кој замина откако Венгер процени дека нема иднина во Арсенал.

Изгледа дека направи голема грешка, затоа што Гнабри со добрите игри го привлече вниманието на Баерн.

Баерн ќе мора да плати 6.8 милиони фунти за услугите на талентираниот Гнабри, а тоа мора да се признае дека се малку пари за шампионот на Германија.

Со оглед на целата ситуација, не би зачудило од наредното лето во дресот на Баерн да го гледаме одличниот Гнабри.