Дали Двејн Вејд случајно го издаде својот следен тим?

 

Откако минатата сезона во Чикаго Булс му помина со борење за последното место во плејофот за таму да испадне уште во првото коло, Двејн Вејд годинава е спремен да си го откупи договорот и да си замине од Чикаго.

 

Помеѓу тимовите кои би биле заинтересирани за неговите услуги се наоѓаат секогаш моќните Сан Антонио Спарс и Кливленд Кавалирс, но по сѐ изгледа тој веќе одлучил каде ќе ја продолжи кариерата.

Имено, децата на Двејн Вејд новата учебна година ќе ја поминат во Мајами, каде тој има и куќа бидејќи беше долгогодишен член на Мајами Хит. Кога Вејд се пресели во Чикаго, жената и децата го следеа во Чикаго. А сега, веројатно тој ќе ги следи нив и ќе се врати во градот во кој беше драфтуван.

 

Своите најдобри години Вејд ги помина во Мајами Хит, со чиј тим освои и три прстени а во 2005 година дури беше и МВП на финалето.