Денес паѓа одлуката: Модриќ одбил да тренира додека не биде познато се


Роналдо нека се пази, Мароко гази - 19 ден ↓↓↓



Иднината на Лука Модриќ ќе биде одлучена во текот на денешниот ден за кога е закажана средбата помеѓу хрватскиот фудбалер и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Перез не сака ни да слушне за продажба на Модриќ, додека пак Хрватот инсистира на заминување во Интер каде би заработувал дури четири милиони евра повеќе отколку во Реал Мадрид.

Токму затоа, играчот од средниот ред побарал да не тренира со клубот додека не се реши неговата иднина. Тоа и му било дозволено, а целата разврска на случајот треба да ја дознаеме во текот на денот.