Дибала со сигурност останува во Јувентус

Генералниот менаџер на Јувентус, Бепе Марота инсистира дека Пауло Дибала нема да го напушти шампионот на Италија ова лето.

Аргентинецот беше мета на неколку клубови изминатиов период, а како најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменуваше тимот на Барселона.

„Пауло нема да биде продаден по ниту една цена. Веќе одбивме многу понуди за Дибала. Кога играчот е среќен да остане во Јуве, ќе остане колку што тој сака“- изјави Марота за „Тутоспорт“.

Дибала е посочен како еден од ретките фудбалери кои може да ги пополни празнините кои би настанале при заминувањето на Нејмар од каталонскиот гигант, но по оваа изјава веќе е јасно дека Аргентинецот ќе остане во редовите на Јувентус.