Интересен договор: Без трансфер од Ливерпул во Барселона во наредните две сезони


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Екипата на Барселона не може да носи играчи од Ливерпул во следните две сезони.

Во договорот меѓу двата тима за трансферот на Филипе Кутињо од јануари оваа година е вклучена клаузула во која вкупно три сезони Барса нема да може да носи играчи од Ливерпул освен ако клубот од Енфилд не ги даде сите потребни дозволи што за трансферот на Кутињо не беше случај.

Како што помина една година од трансферот на бразилскиот фудбалер, останаа уште две години од договорот кој наводно Барселона не сака да го крши.

Кутињо да потсетиме бараше изговори да не игра за Ливерпул како би отишол на Ноу Камп. На крај сепак го доби она што го бараше иако раководството на Редсите беше против трансферот.

Сепак, тимот од Енфилд се осигураше дека Барселона не може туку така да им купува играчи па Ливерпул е мирен уште две сезони.

Оваа интересна клаузула би можела да стане навистина честа во светот на фудбалот.