„Засилување за Ливерпул? Би го донел Ван Дајк“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард кој ќе започне да работи како тренер во фудбалската академија на Ливерпул, смета дека би требало да се смета за ангажирање на Ван Дајк.

Дефанзивецот на Саутемптон ја игра најдобрата сезона во кариерата и е мета на голем број клубови.

„Кого би требало клубот да го купи? Јас би се обидел да го донесам Ван Дајк. Сепак, ние имаме доволно квалитетни играчи.“

25-годишниот играч во 2015 година дојде од Селтик во Саутемптон, а кариерата ја започна во Гронинген.

Ливерпул беше поразен од Свонси на домашен терен со 3:2 и доколку Челси денес победи против Хал, тогаш разликата ќе биде 10 бодови.