Има и такви кои не ги сакаат парите: Капитенот на Интер одби вистинско богатство од Кина!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди не сака да премине во Кина.

Кинезите трошат многу и ги донесоа Оскар и Тевез во минатите неколку денови, а сега тргнаа и по Кристијано Роналдо.

Листата на играчи кои сакаат да ги донесат е долга, а на неа е Мауро Икарди.

Тој е капитен на Интер, прв стрелец во Серија А и не е чудно што тие сакаат да го купат.

Икарди со годишни бонуси во Кина би заработувал по 30 милиони евра, а тоа во Интер може да го заработи за 5-6 сезони.

Тој никогаш не размислувал за тоа и не сака да игра во КИна и покрај големиот број на пари.

Икарди има одредени планови кои не се однесуваат на Интер, но не се однесуваат ниту на Кина. Тој дефинитивно останува во Европа.