Каде ли е крајот!? Мончи договори уште едно засилување за Рома!

Спортскиот директор на Рома, Стивен Нзонзи, се договори со Рома, каде што ќе заработува плата од 2,5 милиони евра годишно.

Французинот вети дека ќе го почитува договорот, дури и ако се појави Барселона, па во Рома сега не се плашат од исто сценарио како што им се случи тоа со Малком.

Инаку, Нзонзи во Севилја го донесе токму Мончи, а сега повторно ќе го пресели во Рим, а наводно Севилја ќе мора да прифати понуда од 25 милиони евра, но Италијанците мора прво да го продадат Максим Гоналон.

Гоналон има две понуди од Премиерлигата, едната е од Евертон, а другата од Кристал Палас, додека неговата вредност изнесува осум-девет милиони евра и тоа би ослободило место за него во екипата од Рим.