Колман доживеа двојна скршеница, еве колку ќе паузира!

Ireland's Seamus Coleman is taken off the pitch injured during their 2018 World Cup Group D qualifying soccer match against Wales at the Aviva Stadium, Dublin, Ireland, Friday, March 24, 2017. (Brian Lawless/PA via AP)

Дефанзивецот на репрезентацијата на Ирска и Евертон доживеа страшна повреда во мечот од квалификациите за СП со селекцијата на Велс.

Ирска и Велс одиграа без голови во Даблин, а мечот го одбележа и ужасен старт на Нил Тејлор над Шејмус Колман.

Левиот бек на Астон Вила во крајно невнимателен старт ја скрши потколеницата на фудбалерот на Ирска, тој е опериран, а познато е и колку ќе отсуствува од теренот.

Се покажа дека доживеа двојна скршеница, попрецизно после стартот на Тејлор дојде до скрешница и на тибијата и фубулата на неговата десна потколеница, а поради оваа тешка повреда Колман од теренот ќе отсуствува барем шест месеци.

Да потсетиме дека  оради повреда на лигаментите надвор од тимот е и Јаник Боласи од Евертон, кој на натпреварот со Манчестер Јунајтед доживеа незгодна повреда, а и тој на теренот нема да биде до наредната зима.

Тие храбрите ТУКА може да погледнат како изгледа стартот на Нил Тејлор над Шејмус Колман, што доведе до скршеница на двете коски на неговата десна потколеница.