Марио Лефковски замина на печалба во БиХ

Ракометарите на Искра добија ново засилување за сезонава, откако во нивните редови пристигна Марио Лефковски кој последните неколку сезони ги играше за РК Пролет.

За својот поранешен клуб настапуваше и во европските натпреварувања, па беше еден од носителите на играта.

Беше член и на младинските селекции на Македонија и со успех настапуваше на турнирот „Ракометот е мојата иднина“ кој веќе неколку години се одржува во Бугојно, БиХ.

Лефковски веднаш ќе се приклучи на подготовките на новиот клуб, а од РК Искра кажаа дека тој ќе биде последно засилување за нив сезонава.