Меси да зелено светло за заминување на Дембеле, посакува двајца врвни играчи како негови наследници

Лионел Меси дал зелено светло за заминување на Осман Дембеле кој беше донесен како голем талент во Барселона и беше платен огромна сума на пари.

Аргентинецот притоа потенцирал четири имиња кои би пристигнале во Барселона на лето, а две од нив се вистински супер ѕвезди и би биле донесени како директна замена за Дембеле.

Станува збор за Мо Салах и Еден Азар кои би пристигнале во Барселона во летниот преоден рок. Освен нив, Меси го спомнал и сензационалниот напаѓач на Џеноа, Криштоф Пијатек, играчот на Ајакс, Матијс Де Лигт, како и Џибрил Сидибе од Монако.