Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во Англија е познат и не баш пријатен, а станува збор за Глен Тамплин кој заработи пари откако создаде компанија за производство на челик во својот двор.
Тамплин го купи седмолигашот Билрикај Таун, а инвестираше околу два милиони фунти во инфраструктурата, а гордо ги покажа и муралите со лавови, орли, сопствениот лик и сам ги дизајнираше соблекувалните.
Тој го предводеше својот тим и стигна до прво коло во ФА купот, првпат во историјата. Има талент како тренер, но по три порази во серија, реши да си даде отказ, а два дена подоцна се предомисли.
Се закани дека ќе го продаде клубот по извештајот дека зема кокаин во клупскиот тоалет на полувреме, а често имаше проблеми и со полицијата, но и со навивачите.
Инаку, вчера беше повторно на насловните страници, го ангажираше Стив Ват за тренер, го претстави пред играчите, а еден час подоцна решил да го отпушти бидејќи претходно тој зборувал лошо за екипата.
Сепак, има и добра страна, а тоа е дека подррил 50.000 фунти на семејство на седмогодишниот Хари Паркер, кој боледува од церебрална парализа.