Неверојатно: Манчестер Сити сака само едно засилување за следните два трансфер периоди

Медиумите во Англија пренесуваат навидум зачудувачка информација која говори дека од таборот на Манчестер Сити се заинтересирани својот тим да го засилат само со еден играч.

Пеп Гвардиола во моментов е задоволен со својот состав и сака да го засили само со еден играч кој веројатно би пристигнал за време на летниот преоден рок.

„Граѓаните“ во последните години важат за најголемите трошачи на трансфер пазарот, а во иднина ќе се насочат само на еден играч. Наводно фудбалери кои ги следат скаутите на Манчестер Сити се Френки де Јонг, Рубен Невеш и Тангуј Ндомбеле.