Неколку имиња главни фаворити за новата функција во Манчестер Јунајтед

Додека секој зборува за тоа дали Оле Гунар Солскјер ќе биде перманентен наследник на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед, од клубот работат и на назначување на нов спортски директор.

Неколку имиња се вртат како главни кандидати за оваа позиција, а наводно легендата на клубот, Едвин ван дер Сар ќе биде првиот кој ќе биде повикан на разговори.

Освен поранешниот голман на „Ѓаволите“, во игра се и спортскиот директор на Атлетико Мадрид, Анреа Берта, човекот кој ги откри Лингард и Рашфорд, Тони Велан, како и Пол Мичел кој има најмали шанси доколку Солскјер биде назначен за перманентен тренер на клубот.