Нико Ковач со победа против ПСЖ го започна мандатот на клупата на Баварците, деби на Буфон (Видео)

Хрватскиот стратег Нико Ковач со победа дебитираше на клупата на Баерн Минхен откако со 3:1 славеше во пријателски натпревар против ПСЖ.

Иако парижаните со 1:0 водеа на полувремето, Баерн во продолжение доминираше и буквално му одржа лекција на парижаните.

Синот на Џорџ Веа, Тимоти го доведе францускиот тим во водство во 31. минута и со тој резултат се заврши првиот дел.

Во второто полувреме Баварците буквално доминираа и со головите на Мартинез, Ренато Санчез и Зиркзе победија со високи 3:1.

На натпреварот свое деби имаше и легендарниот чувар на мрежата, Џиџи Буфон кој од ова лето е нов голман на францускиот ПСЖ.