Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Се сеќавате ли на Дарио Силва, одличниот играч на Уругвај чија кариера ја прекина тешка сообраќајна несреќа.
Пред 10 години пијан налета на автомобил и во таа несреќа ја изгуби десната нога. Беше 23 септември 2006 година, а Силва сфати што се случи кога виде на тв од болничкиот кревет, по операцијата која траеше скоро 4 часови.
Плачеше, а вели дека тоа му било прв пат во животот, а само 3 минути подоцна одлучил дека нема да тагува повеќе.
Медиумите пишуваат дека тој одлучил да најде хирург во Уругвај кој му направил протеза со која можел по малку да оди.
Се посветил на коњските трки, а негова втора страст беше веслањето, многу популарен спорт во Уругвај.
Дури тој се квалификуваше за ОИ во Лондон во 2012 година.
Се испроба и во политиката, се обиде да стане градоначалник, но откако тоа не му успеа, тој се врати на фудбалот. Денес работи како скаут за млади таленти во агенцијата на свој пријател.
Фудбалските фанови најмногу го паметат по своите настапи за Малага каде што со Дели Валдес беше неверојатен тандем.
„Дели е еден од најдобрите напаѓачи со кои играв. Совршено се разбиравме и на теренот и надвор од него.“
До 2008 година беше автор на најбрзиот гол во историјата на Примера бидејќи на Ваљадолид им постигна гол за помалку од 8 секунди.
Често на теренот знаеше да го провоцира противникот, а и денес во Малага се зборува што му направил на Хиера.
Денес ужива со своите деца, а најмногу го мачи тоа што неговиот најмлад син Диего немал шанса да го гледа во живо неговиот татко на стадионот.