Поранешен англиски селектор ја прифати најчудната понуда во кариерата

Искусниот шведски стратег Свен Горан Ериксон реши да се врати на тренерската работа, откако минатата година го напушти кинески Шенжен.

Овој 70-годишен стратег последниот ангажман го имаше пред повеќе од една година кога го напушти Шенжен и сите помислија дека нема да ја продолжи кариерата.

Сепак, поранешниот тренер на Рома, Фиорентина, Лацио, Манчестер сити и многу други реши да се врати на фудбалот.

Медиумите во Шведска објавија дека утрово Ериксон е нов селектор на репрезентацијата на Филипини, а неколку часа подоцна информацијата ја потврди и ФИФА.