Револуција на Конте – Петмина заминуваат, шест засилувања за 250 милиони

Со тимот кој го наследи ќе ја освои титулата, но тој сака да направи свој Челси. Еве како тоа би можело да изгледа следното лето.

Во Англија главната тема е преодниот рок.

Сините имаат огромна предност, јасно е дека Конте нема да му дозволи да се опуштат, но тој има цели за следното лето.

Има ветување дека клубот ќе му обезбеди доволно пари за големи промени и засилување на конкуренцијата а во џебот има понуда од Интер, а тоа ќе го натера Роман Абрамович да го одврзи ќесето.

Планот на Конте е јасен, од фудбалерите од првиот тим би можел да замине Коста како и Вилијан кој го изгуби местото од Педро.

Од клубот ќе си замине Асмир Беговиќ, Џон Тери и најверојатно Сеск Фабрегас.

За едно место конкурираат Видал и Наинголан, додатокот е Бакајоко од Монако, а во нападот Мората и Лукаку ако замине Коста, Бонучи или Вирџин Ван Дајк за дефанизвици и Рос Баркли од Евертон како уште еден додаток.

Челси би можел да потроши околу 250 милиони евра за засилувања во преодниот рок за споменатите фудбалери.