Светскиот шампион лета од таборот на „Граѓаните“, дали во прашање е дефицит од Коларов?!


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Откако Александар Коларов го напушти Манчестер Сити, „Граѓаните“ имаат проблем со левиот бек.

Со пристигнувањето на Бенџамин Менди од Монако многумина помислија дека тој ќе биде решение за иднината.

Меѓутоа, тоа не испадна баш најдобро, бидејќи Менди не нуди константно добри партии, Пеп Гвардиола не е воодушевен со него, и како што се наведува му дал и зелено светло да го напушти клубот.

До оваа сознанија дојде Тутоспорт од Торино, па многумина собраа „два и два“ и дојдоа до заклучок дека шампионот на светот би можел да премине во Јувентус.

Она што би можело да ја отежни работата е тоа што „Бјанконерите“ денес објавија нов потпис.

Што се однесува до Сити, Гвардиола веќе ги пикираше Алба, кој би сакал да го види во Манчестер, Шпанецот би сакал да остане во Барселона, но клубот се уште не му нуди продолжување на соработката.

Договорот му истекува 2020. година, а договор нов и натаму нема…