„Се враќам за неколку недели!“

Ѕвездата на Јунајтед, Ибра објави дека се враќа наскоро.

Тој поради тешка повреда на коленото мораше да го пропушти финишот на сезоната.

Вчера одеше по теренот без помош, а тоа покажа дека неговото колено се враќа побрзо од очекуваното.

„За неколку недели сум повторно на теренот.“

Искусниот 35-годишен напаѓач до крајот на оваа сезона имаше договор со Јунајтед, а во договорот има клаузула за уште една сезона, но се почесто се споменува дека кариерата би можел да ја продолжи во САД.

Оваа сезона тој постигна 28 голови за Јунајтед.