„Фудбалерите немаа моќ да го сменат Раниери!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лестер вечерва игра против Ливерпул во 26-то коло од ПЛ.

Актуелниот шампион на Англија, Лестер го отпушти Раниери, а неговиот колега Клоп смета дека тоа не можеле да го сторат фудбалерите, туку управата.

Германецот вели дека управата е виновна за отказот на Раниери.

Играчите ја немаат таа моќ. Ние во минатото бевме многу помоќни. Се зависи од управата. Се додека играчите зборуваат заедно нема проблем. Ако почне управата да зборува за тренерот, тогаш мора да се слушне и другата страна.“

„Не станува збор за тоа колку фудбалерите се влијателни. Тие би требало да бидат моќни, но не во отпуштањето на тренерот. Фудбалерите на Лестер не го направија тоа.“

Клоп исто така го објасни и својот однос со фудбалерите на Ливерпул.

„Ние не доаѓаме секој ден на тренинг да се гушкаме. Уживаме во работата. Јас знам што сакаат тие, тие знаат што јас барам. Имавме убави моменти, но и тешки моменти. Во тие тешки моменти, цел јануари, немаше ништо помеѓу нас.“