Херојот Павков доби главна улога во цртан филм! (ВИДЕО)

Еден од најпопуларните канали на Јутјуб, кој преку цртани филмови ги прикажува случувањата од најважните фудбалски натпревари прикажа како Ливерпул настрада против Црвена Звезда, а главна ѕвезда беше Милан Павков.

Тие ја претставија ситуација при голот за водство на домаќините, кој Павков го постигна со глава по корнерот на Марко Марин.

Одбраната на Ливерпул е претставена како хипнотизирана и нивните мисли насочени биле кон трофејот, а за тоа време Павков постигнува гол во мрежата на Алисон Бекер.