Хофенхајм е заинтересиран за поранешен фудбалер на Арсенал!

Хофенхајм сака да го донесе поранешниот фудбалер на Арсенал, Серж Гнабри.

21-годишниот фудбалер постигна 10 голови во БЛ за Вердер откако дојде претходно во оваа сезона.

Хофенхајм се подготвува за живот во Европа наредната сезона и Гнабри е на листата со висок приоритет.