Адио, Ди Франческо: Рома во преговори со нов искусен тренер!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рома сезонава не настапува како што се очекуваше од нив, а газдата на клубот не може повеќе да го чека Еусебио Ди Франческо да ја подобри формата на клубот.

Рома по 13 одиграни кола во италијанската Серија А се наоѓа на седмо место на табелата со 19 бодови, а во минатото коло беше поразена од Удинезе.

Рома менуваше многу во текот на летото, па стигнаа голем број нови фудбалери, а очигледно ќе стигне и нов тренер.

Италијанските медиуми пишуваат дека претседателот на клубот, Џејмс Палота, дал наредба да се почнат преговори со Антонио Конте, поранешниот тренер на Челси.

Поранешниот селектор на Италија се поврзуваше и со Милан, но сега Рома е фаворит за неговата иднина.

Сепак, Конте наводно сака да одмори одреден период пред да донесе конечна одлука, зашто уште води правна битка со Челси поради отказот.

Исто така, се шпекулира дека Конте и понатаму чека да се отвори местото на клупата на некој од европските гиганти како ПСЖ и Манчестер јунајтед.