Азар сепак не е најдобар: Мертенс ја освои наградата за најдобар играч на Белгија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден Азар не ја освои наградата за најдобар белгиски играч во 2016-та година.

Имаше гласање за најдобар играч во 2016-та година и најмногу гласови доби Мертенс, играчот на Наполи, кој на 14 натпревари постигна 11 голови.

Неговата одлична форма пресуди во изборот за најдобар играч на Белгија.

Еден Азар доби 7.856 гласови, но тоа не беше доволно, бидејќи Мертенс доби 12.213 гласови.

Азар игра добро, Челси е лидер во Англија, но Мертенс во моментов е најдобар статистички и оправдано ја добива наградата.

На трето место заврши Наинголан кој доби 2.562 гласови.