Алба на два ума: Жестока конкуренција за најдобриот лев бек, Јунајтед го нуди сите адути, ова е противникот…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Левиот бек на Барселона, Жорди Алба доби интересна понуда за продолжението на кариерата.

Според наведувањата на англиските медиуми, Манчестер Јунајтед воспоставил контакт со агентот на 29-годишниот фудбалер и имаат намера да го донесат на „Олд Трафорд“ следното лето.

Алба со договор за Барса е врзан до летото 2020. година. Сепак, лесно би можело да се случи порано да го напушти клубот бидејќи понудата на Јунајтед сигурно нема да биде игнорирана.

Но, не само Јунајтед го посакува Алба. Интерес за него покажа и Јувентус, па така, „Црвените ѓаволи“ ќе имаат жестока конкуренција.

Алба се смета за еден од најдобрите леви бекови на светот, а оваа сезона запиша два погодоци и седум асистенции за Каталонците.