Алегри кажа ДА! Договорена ли е соработка со Арсенал?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веќе неколку недели во Италија се шпекулира дека Алегри на крајот на сезоната ќе го напушти Јувентус.

Во овие шпекулации се вклучија и медиумите од Англија кои минатиот месец објавија дека Алегри е вистинскиот кандидат за нов тренер на Арсенал.

Иако овие приказни на почетокот беа неверојатни, сепак изгледа дека има нешто.

Наводно, Алегри веќе договорил соработка со Арсенал, па ќе биде нов тренер во случај Венгер да замине на крајот на сезоната.

Според медиумите, Алегри покажал желба да го тренира Арсенал уште ова лето, но не е исклучена можноста тоа да се случи и во 2018.

Сепак, големата улога има Венгер од кој сите очекуваат на крајот на сезоната да замине од тимот.

Алегри на конференцијата имаше една изјава.

„Имам договор до 2018-та година, но сега сакаме да се фокусираме на натпреварите од Серија А, ЛШ и купот на Италија. Моментално никој не го интересира мојата иднина и најважна работа е Јувентус да игра што е можно подобро.“