Алегри на слатки маки: Белгиец го одби Интер и му се понуди на Јувентус!?

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо, пишува дека играчот на Тотнем, Муса Дембеле, сака да се пресели во Јувентус по завршување на договорот.

За Белгиецот во текот на летото беа заинтересирани Интер и Наполи, но се откажаа поради цената од 30 милиони евра, колку што бараа Англичаните.

Белгиецот има договор до 2019. година, но и тогаш проблем би претставувала неговата голема плата, а се споменува сума од шест милиони евра годишно кои треба да бидат обезбедени за 31-годишниот Дембеле.

Токму таа сума би можела да претставува единствен проблем за италијанските гиганти.