Алиоски испрати топка „со очи“: Лидс води на дербито со Бристол (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Џани Алиоски продолжува со импресивните партии во дресот на Лидс.

На денешната дерби пресметка со Бристол, Алиоски во седмата минута речиси од својата половина упати теледиригирана топка до Ајлинг кој со глава го пронајде Бамфорд. Поранешниот напаѓач на Челси среќно ја смести топката во голот за водство на Лидс Јунајтед.

Фановите на Лидс уште еднаш го покажаа своето воодушевување од Алиоски кој откако беше преместен на позицијата лев бек игра феноменално.