Алиоски и Лидс со уште една шокантна победа во финишот на натпреварот (Видео)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Екипата на Лидс Јунајтед славеше голема победа против тимот на Блекбурн Роверс со 3:2.

Тимот предводен од Марсело Биелса имаше негатива од 2:1 се до судиското продолжение на натпреварот кога на сцена стапи Кемар Руф кој со два гола во 91. и 93. минута донесе победа и лидерска позиција за Лидс Јунајтед.

Претходно Лидс поведе со автоголот на Вилијамс, но потоа следеше пресврт, а двата гола ги постигна Мулгру во 47. и 90. минута.

Нашиот репрезентативец Алиоски ги одигра сите 90. минути и беше еден од најдобрите на теренот. Популарниот Џани ја погоди стативата во 37. минута од натпреварот.