Алиоски со две асистенции за Лидс Јунајтед (Видео)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Екипата на Лидс Јунајтед има предност од 2:0 по првите 45. минути на дерби пресметката од 31 коло во Чемпионшип лигата против тимот на Свонси.

На двата погодоци кои ги постигна домашниот тим асистент беше нашиот Џани Алиоски кој веќе неколку натпревари игра како лев бек.

При првиот гол Алиоски шутираше, а топката некако стигна до Понтус Јансон кој ја смести зад грбот на противничкиот голман.  Потоа нашиот репрезентативец упати еден прецизен центаршут по кој Харисон со го постигна вториот гол за Лидс Јунајтед.