АО: Федерер преку Рубин до 3-то коло


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се пласираше во 3-то коло од Австралијан Опен со победата против Рубин од САД во 3 сетови.

Федерер победи со 7:5, 6:3 и 7:6, по 2 часови и 3 минути игра, а негов нареден ривал ќе биде Бердих.

Иако до победата дојде во 3 сетови, сепак Федерер се намачи со Рубин. Младиот Американец постојано вршеше притисок и ја бараше својата жанса, а по се изгледаше дека во 3-от сет ќе ја искористи. Меѓутоа, Швајцарецот на крајот се врати и победи.

На Федерер по еден брејк во првиот и вториот сет му беа доволни за да ги освои, а Рубин имаше предност во 3-от и водеше со 5:2, но Федерер експресно се врати и победи на тај брејк со 7:3.