Арсенал го пушта Санчез – Познат е клубот, но и условот!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Се помали се шансите да остане Санчез во Арсенал, без оглед на судбината на Венгер.

Тој не сака да го продолжи договорот, поточно клубот не се согласува на неговите барања, а тој е разочаран од амбициите, соиграчите, но и од клубот.

Летово ќе мораат да го продадат, за да ги добијат вложените пари.

ПСЖ е еден од клубовите кои можат да го платат, а што се однесува до Италија, тешко може да се замисли дека некој би му понудил голема плата, затоа што најплатениот во лигата, Игуаин заработува 7 милиони евра.

Ќе видиме дали Кинезите ќе имаат сила да се впуштат во трката, иако сега во игра се појави нов кандидат.

Арсенал би сакал да го смени Санчез за Мората.

Тие долго време го сакаат Мората, уште додека играше за Јувентус, а тој ќе го напушти Реал поради малиот број на минути одиграни во тимот, а тука е Челси кој го сака исто така во неговите редови.

Санчез може да игра на повеќе позиции, па би бил одлично засилување и за Реал.

Сеуште е рано да се зборува за ова, но може Реал да се вмеша во битката за неговиот потпис.