Арсенал решението за проблемите во одбраната го пронајде во Јувентус

Медиумите во Италија пренесуваат дека од таборот на Арсенал се заинтересирани во јануарскиот преоден рок да го донесат фудбалерот на Јувентус, Мехди Бенатија.

„Топчиите“ беа заинтересирани за мароканскиот репрезентативец и во летниот преоден рок, но тогаш трансферот не се реализираше.

Сега од Арсенал сакаат да ја искористат ново настанатата ситуација по која Бенатија не е среќен во Јувентус затоа што не добива баш многу шанса во првиот тим.

За стоперот освен Арсенал интерес има и од Борусија Дортмунд, Шалке 04 и Милан кои исто така сакаат да го видат во своите редови.