Атлетико на колена: Роналдо го лансираше Јувентус во четвртфиналето (Видео)


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Екипата на Јувентус забележа сосема заслужена победа од 3:0 против Атлетико Мадрид во вториот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите.

Победата со три гола разлика и без примен погодок беше и повеќе од доволна за Јувентус да направи неверојатен пресврт по негативата од 2:0 по првата средба и сосема заслужено да се пласира во четвртфиналето.

Кристијано Роналдо со хет-трик беше херој за клубот од Торино кој уште една година ќе игра во завршницата на најелитното европско натпреварување.

На вториот вечерашен осминафинален натпревар екипата на Манчестер Сити го „уби“ Шалке со неверојатни 7:0.