Атлетико поразен од Виљареал: Го знаете ли билансот на Симеоне по натпреваров?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Атлетико Мадрид дефинитивно не игра на нивото од претходните години, а тоа го покажуваат резултатите.

Фудбалерите на Виљареал вечерва на домашен терен беа подобри од Атлетико Мадрид со 3:0 во последниот натпревар од 15-то коло во Примера.

Звучи неверојатно, но ова е 4-ти пораз за Атлетико оваа сезона, а минатата сезона Атлетико имаше 6 порази на 38 натпревари.

Покрај тоа Атлетико прими 14 голови на 15 натпревари додека минатата година прими само 18 на 38 натпревари.

Атлетико падна на 6-та позиција со 25 бодови, дури 12 помалку од Реал Мадрид и 6 од Барселона.

Натпреварот беше решен во првите 45 минути, најпрво Тиргерос во 28-та минута ја искористи грешката на одбраната на Атлетико, а потоа во 38-та Дос Сантос ја казни лошата реакција на Облак.

Во судиското продолжение од второто полувреме, Соријано по соло акција постигна гол за 3:0.

Атлетико имаше шанси, се обидуваше да дојде до бод, но не успеа.