„Ах.. Тие нивни долги топки…“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Играњето со долги топки на своите највисоки играчи, Фелаини и Ибрахимовиќ даде резултат, па Јунајтед успеа да дојде до бод во дербито со Ливерпул, откако гостите водеа со голот на Милнер од 26-та минута.

Фелаини во 84-та минута ја погоди стативата, а во продолжение на акцијата Ибра израмни. Јирглен Клоп изјави дека е тешко да се неутрализира оружјето на Жозе Мурињо.

„Во завршната фаза од натпреварот, Јунајтед започна да игра со долги топки на Фелаини и Ибрахимовиќ.“

„По 80 минути интензивен фудбал, тоа беше тежок предизвик за нас. Натпреварот беше луд.“

„Во последните неколку минути, беа видени многу акции. Се надевав дека среќата ќе биде на наша страна, но не беше.“

„Во понеделник ќе биде задоволувачки резултат, сега може да ме радува играта на тимот. Пред натпреварот, многумина мислеа дека Јунајтед ќе не нокаутира затоа што изгледаат моќно и се им оди од рака.“

„Дојдовме да победиме, па така не може да бидеме 100% задоволни со резултатот.“