Баварците ја обезбедија иднината: Баерн го најде „наследникот“ на Ноер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите светски голмани, Мануел Ноер, ќе брани уште најмногу три години, а токму поради тоа управата на Баерн Минхен тргна да најде негова замена.

Со германскиот гигант се поврзуваа неколку голмани во последните години, но очигледно спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ го најде идеалното решение.

Станува збор за 24-годишниот голман на Бенфика, Одисеас Влаходимос, за чии услуги се заинтересирани многу екипи.

Баерн, наводно, контактирал со Бенфика и наскоро ќе потпишат договор со младиот чувар на мрежата, но во Португалија ќе остане уште некоја сезона.

Кариерата ја почна во младинските категории на Штутгарт, а во Бенфика стигна пред неколку месеци од Панатинаикос во кој помина три години.