Баерн испрати понуда за младата надеж на Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минхенски Баерн испрати официјална понуда до екипата на Челси за 18-годишниот офанзивец, Калум Хадсон – Одои.

Како што наведува Скај Спорт, Баерн на лондонските „Плави“ им понудил 15 милиони евра, плус бонуси за овој фудбалер и сега го чекаат одговорот.

Меѓутоа, Челси според информациите од Англија сепак ќе бара нешто повеќе пари. Хадсон – Одои се подготвени да го пуштат, но во „пакет“ вреден 25 милиони евра.

Хадсон – Одои сака во Минхен. Убеден е дека Баерн е вистинска шанса за него и не го гледа Челси како тим кој во иднина ќе му пружи во иднина доволно шанси за игра.

Баерн го посакува младиот фудбалер веќе во јануари. Сепак, ако Челси ја одбие понудата, Баварците по младинскиот англиски репрезентативец ќе тргне следното лето.

Хадсон- Одои оваа сезона одигра само 42 минути во Премиер лигата, но доби шанси во четири натпревари од Европската лига во кои постигна еден погодок и запиша една асистенција.