Баерн крена раце од Јовиќ: Енергијата и преговорите насочени кон новата мета…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен е на прагот да се откаже од купувањето на Лука Јовиќ, па се насочи кон друга мета.

Роберт Левандовски мора да добие замена и тоа е дефинитивно, потребен е фудбалер кој ќе биде следните години во прв план во нападот на Баерн.

Дали тоа е Лука Јовиќ?

Се помали се шансите за такво нешто, Барселона е поприлично заинтересирана, се обидува на сите начини да стигне до српскиот фудбалер и засега се на пол позиција.

Од друга страна, Баерн се насочи кон Тим Вернер, фудбалерот на Лајпциг. Овој напаѓач исто така е некој кој е интересен за фудбалска Европа, оддамна веќе е на скенер на најголемите клубови, но Баерн е сега тој кој интензивно преговара со Лајпциг и треба да се очекува овој фудбалер да го промени клубот веќе на лето.

Дали Баерн е неговиот следен клуб?