Баерн Минхен купува фудбалер од Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според германски „Кикер“, Баерн Минхен сака во свои редови да го донесе играчот на Барселона, Лука Дињ.

Баварците би требало да го продадат Хуан Бернат, а токму како негова замена сакаат да го донесат Дињ, кој на „Камп ноу“ стигна пред две години за сума од 17 милиони евра, па се верува дека не би требало многу повеќе да платат за него овојпат.

Наводно, за него интерес покажуваат Јувентус и Интер, кои исто така сакаат да се засилат на левата страна.