Баерн Минхен ќе гради тим за иднината: Освен Худсон-Одои во Минхен стигнува екстра талент од Франција


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хасан Салихамиџиќ полека ги крои плановите за летниот преоден рок во кој ќе треба да направи целосна реконструкција на тимот.

Веќе е познато дека две легенди на клубот, Робен и Рибери ќе си заминат, а не е исклучено уште неколку играчи да си заминат на лето.

Калум Худсон-Одои ќе биде играчот по кој Баерн ќе тргне уште во првиот ден од преодниот рок, но со неговото евентуално ангажирање нема да запрат трансферите кај Баварците.

Како што пишува „Кикер“  раководството на Баерн Минхен ќе тргне по услугите на Николас Пепе од Лил кој буквално растура оваа сезона во француската Лига 1.

За него постои сериозен интерес и од Манчестер Јунајтед и Арсенал, а допрва со сигурност ќе се појават уште неколку тимови кои ќе се обидат да го донесат во своите редови.