Барди останува во Леванте до 2022 година, во договорот и голема откупна клаузула


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец и член на Леванте и официјално го продолжи договорот со клубот од Валенсија.

Енис Барди во Леванте ќе остане и во следните години потпишувајќи договор до 2022 година во кој има неверојатна откупна клаузула, барем кога се работи за македонски фудбалер, од 50 милиони евра.

Во договорот е вметната опција истиот да биде продолжен и на дополнителни две години, доколку двете страни се согласат за тоа.

Барди е редовен во дресот на Леванте по неговото пристигнување во Шпанија од редовите на унгарски Ујпешт и досега на 38 натпревари има запишано десет погодоци.