Барди со нов гол во Ла Лига (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нашиот репрезентативец Енис Барди продолжува со фантастичните игри во дресот на Леванте.

Младиот фудбалер вечерва повторно го пронајде патот кон мрежата, овој пат на гостувањето кај Еибар.

Барди го постигна вториот погодок за својот тим во 37 минута откако прецизно биеше од 12 метри и го совлада домашниот чувар на мрежата. Претходно, само две минути претходно Моралес го постигна водечкиот погодок. На крајот натпреварот заврши без победник со резултат 2:2.

Ова  е четврти погодок за играчот од средниот ред во Ла Лига со што се најде на 9. позиција на листата на стрелци.